Енергетика

Ковачевски: Има доволно струја од домашно производство

01.03.2022 12:04

Работат два блока на РЕК Битола и еден на ТЕЦ Неготино. ТЕЦ Осломеј се вклучува повремено, а се презема струја и од ТЕ-ТО.

За справување со енергетската криза, за пет месеци државата префрлила 170 милиони евра на сметката на АД ЕСМ за стабилизирање на производството и снабдувањето со електрична енергија.

Во моментов има доволно струја од домашно производство, уверува директорот Ковачевски. Работат два блока на РЕК Битола и еден на ТЕЦ Неготино. ТЕЦ Осломеј се вклучува повремено, а се презема струја и од ТЕ-ТО.

Кон ЕВН Хоум за потребите на граѓаните и малите потрошувачи се испорачува електрична енергија произведена во електраните на АД ЕСМ, ТЕЦ Неготино и ТЕ-ТО, не се увезува струја и нема недостиг. Дополнително, Владата го задолжи ЕСМ да обезбеди електрична енергија и за планираниот процент загуби во мрежа на ЕВН и МЕПСО, со цел да се обезбеди и таа енергија по домашни цени. Сето тоа се прави со поддршка од Владата на Република Северна Македонија и со финансиски план, со цел успешно да излеземе од енергетската криза, вели Ковачевски.

Според него, ситуацијата се менаџира успешно и активирани се сите капацитети за максимално производство на електрична енергија.