Македонија

Се укинуваат дополнителните трошоци во градинките од Општина Аеродром

01.03.2022 12:10

По предлог на градоначалникот Тимчо Муцунски и со одлука на Советот на општината, родителите ќе бидат ослободени од трошоците што ги издвојуваа за хигиенскиот пакет, а во него се вклучени разни санитарни и хигиенски средства.

Почнувајќи од денеска се укинуваат давачките што досега ги издвојуваа родителите за своите деца во градинките во Општина Аеродром, а во текот на годината целосно ќе бидат скратени сите дополнителни трошоци.

По предлог на градоначалникот Тимчо Муцунски и со одлука на Советот на општината, родителите ќе бидат ослободени од трошоците што ги издвојуваа за хигиенскиот пакет, а во него се вклучени разни санитарни и хигиенски средства.

Општината постојано презема политики насочени кон постепено намалување на сите дополнителни трошоци што претставуваат товар за секое семејство. Од 1 септември оваа година ќе бидат целосно укинати и сите трошоци што се издвојуваат за наставно-образовни материјали за работа по групи во градинките, велат од општината.