Украина

Македонското семејство со бебе се евакуира од Харков

01.03.2022 13:00

Семејство со новороденче кои живеат во Харков се приклучија на конвојот на ОБСЕ што треба да ги извлече од Украина.

Семејство со бебе старо пет дена е на пат за Македонија. Беше заглавено во Харков каде што во моментов се водат жестоки борби. Тие се приклучиле на конвојот на ОБСЕ што треба да ја напушти Украина.

Евакуација од земјата чекаат уште 50-ина македонски државјани. Министерот за надворешни работи, Бујар Османи информираше дека состојбата се влошува и се прават напори луѓето да се вратат дома.

Досега 50 македонски државјани се извлечени од кризните подрачја во Украина, а дел сѐ уште чекаат да бидат евакуирани. Османи уверува дека се прават напори безбедно да бидат извлечени сите нашите државјани.