Македонија

Ќе се гради пречистителна станица во Скопје

01.03.2022 13:33

Започнува спроведувањето на најголемиот еколошки проект во Скопје вреден 136 милиони евра...

Со инвестициски грант од 70 милиони евра, на Европската банка за обнова и развој, ќе се гради пречистителна станица во Скопје. Ова ќе значи крај на загадувањето на реката Вардар и на водата за пиење, уверуваат градските власти. Изведувачот ќе биде избран кон крајот на годината.

„Ако до сега отпадните води одеа директно во Вардар, притоа свесно загадувајќи ја животната средина и јавното здравје, сега конечно ќе имаме можност активно да делуваме, да ги менуваме работите и да ставиме крај на загадувањето на реката Вардар, на градот, но пред се, дa обезбедиме подобра вода за пиење на населението и да го подобриме квалитетот на живот на скопјани“, рече градоначалничката Арсовска.

Пречистителната станица за отпадни води – Скопје ќе се простира на површина од 13 хектари, во општина Гази Баба, на левиот брег на реката Вардар, во областа Трубарево и ќе биде со капацитет од еквивалент 500.000 жители.