Македонија

Петровска: Нема да има одлука за испраќање на македонски војници во Украина

01.03.2022 13:45

На Украина ќе и дадеме воена и техничка помош, а одлука за праќање македонски војници нема и нема да има, информира ресорната министерка Славјанка Петровска...

На Украина ќе и дадеме воена и техничка помош, а одлука за праќање македонски војници нема и нема да има, информира ресорната министерка Славјанка Петровска. Додава дека деталите во врска со помошта се класифицирани како тајна и дека Македонија како членка на НАТО ќе ги почитува и спроведува сите одлуки на алијансата.

Македонските министерства добија задолженија да ги разгледаат капацитетите со кои располагаат во смисла на тоа дали се функционални за евентуално сместување на украински бегалци, информира Петровска. Со подетална информација околу тоа кои капацитети ќе бидат ставени на располагање, набргу се очекува да излезе владата.

Петровска, која присуствуваше на одбележувањето на денот на батаљонот на специјалните сили на армијата во касарната Илинден, истакна и дека досега земјава се придружи на санкциите кон Русија воведени од стана на Европската Унија.


Марија Котовска