Што ќе гледате утре во „Македонија наутро“?
Лажни вести - Во време на криза и војна, најмногу страда вистината. Наш соговорник - Марина Тунева, директор на Совет за етика и професор по комуникации и односи со јавност...
Последните котации на берзата, покажуваат сериозен раст на цените на енергенсите. Регулаторната комисија за енергетика ги следи состојбите. Во делот на цената на електричната енергија нема да има промени, во топлинската веќе е интервенирано. Според најавите, нема да има рестрикции, а Регулаторна прави анализи за воведување различни цени според блокови на потрошувачка.
Земјоделците кои произведуваат градинарски култури и зачински и лековити растенија, ќе добијат финансиска поддршка од државата во зависност од тоа која култура ја одгледуваат, на колкава површина и во колкаво количество.
Нов стерилизатор за третирање на медицински отпад. Кристина Талеска - Големтеова, на линк со Јане Мицевски - директор на ЈП Дрисла.
Ретки болести - спинална мускулна атрофија. Гостин во стуриото, д-р Иван Барбов, невролог.
Лажни вести - Во време на криза и војна, најмногу страда вистината. Наш соговорник - Марина Тунева, директор на Совет за етика и професор по комуникации и односи со јавност.
Руско-украинска криза. Како ќе се одрази воената криза кај нас? Кои се можните решенија на кризата во Украина? Разговор со Злате Димовски – Факултет за безбедност.
Германија - животот во оваа западноевропска земја, улогата во развојот на европската заедница, ставот по прашањето со Украина – гостин во Македонија наутро, Зоран Јордановски, новинар.
Струмички карневал 2022 - Традицијата се враќа на сцената, по две години пауза. Од Струмица се јавува - Стојне Митева.
Почнуваме во 06:45. Гледајте нѐ!
