Утре започнува Струмичкиот карневал
По две годишна пауза утре повторно Струмички карневал. Министерство за култура не одвои денар финансиска поддршка за струмичкото чудо, но локалните власти велат- мора да живее. Годинава сами ќе го финансираат со 1 милион денари...

Струмичкиот карневал со вековна традиција годинава оставен со ниту денар поддршка од Министерството за култура. Општинските власти велат, традицијата и струмичкото чудо мора да живее и духот кој го носи. Од локалната каса издвоија еден милион денари.
Организацискиот одбор најавуваат гости од Шведска, Грција, Србија и други земји, но и 23 групни маски кои ќе продефилираат на главната карневалска поворка.
Карневалските чествувања започнуваат утре, со традиционалното предавање на клучот на градот кој симболично означува предавање на градската власт во рацете на карневалџиите, а завршува со детскиот карневал наредната недела.
Стојне Митева
