Ф1 на диета
Строгите прописи на ФИА за максималната тежина на болидите во Ф1 тешко се почитуваат, па во сезоната со тешки В6 турбо мотори и батерии за складирање на енергијата спасот за почитување на лимитите се бара во намалувањето на тежината на возачите.Но, колку таквиот пристап може да влијае на безбедноста?
Возачот на Саубер, Адријан Сутил потврди дека за време на трката за големата награда на Бахреин нема воопшто да консумира течности бидејќи постои опасност да ја надмине максимално дозволената тежина.

„Не е фер, помалите возачи можат да јадат што ќе посакаат, а ние што природно сме потешки сме казнети. Бахреин за мене ќе биде трка од час и половина без пијалок, во Малезија барем имав малку чај“- вели Сутил и дополнува дека постои голема опасност од несвестица и дехидрација на екстремно високите температури во кокпитот. Според него во трка кадешто најмалку 100 пати се вози со брзина од над 300 километри на час никој неможе да гарантира дека сите возачи се психофизички подготвени да ги издржат големите напори.