Судство

Штипскиот суд со намален број на судии, а зголемен број предмети

01.03.2022 14:39

Со пензионирање на еден судија минатата година и тројца годинава, Основиот суд во Штип се соочува со проблем. Нов кадар од академијата за судии се очекува по две години, а бројот на предмети минатата година пораснал за 35 насто. Сепак Основен суд – Штип минатата година ја завршил како ажурен суд со решени 146 предмети повеќе од претходната година...

Зголемен број на предмети, намален број на судии и ажурно постапување на повеќе од 25 илјади предмети минатата година. Ова е резиме од работата на Основнен суд - Штип каде лани биле решени 35 насто повеќе предмети споредено со предминатата година со судии, кои се делегираат и во останатите општини од штипското апелациско подрачје

Во Основен суд Штип има само две судници, годинава ќе се отвори уште една, а се опремува и специјална судница за онлајн судења. Ќе се обновува и техничката опрема, но дел од плановите се одложени заради огромните сметки за електрична енергија кои неколку судови во државата ги плаќаат по едностраното раскинување на договорите од страна на снабдувачите на стартот на енергетската криза.

Во штипскиот Основен суд доминираат предмети од работни односи, во најголем дел тужена страна е Министерството за одбрана, а од прекршочните предмети доминираат оние од областа на сообраќајот.

 

Славица Величковска