Собрание

Партиски тактизирања за Комисијата за избори и именувања

01.03.2022 14:56

Собранискиот спикер Џафери планира да ја деблокира работата преку предлог за разрешување на Зендели од Беса, кој го држи местото, иако партијата премина во опозиција. Пратеникот одбива да му го отстапи столчето на новиот владин партнер Алтернатива. За ВМРО-ДПМНЕ, предлогот на Џафери ќе биде преседан...

Жестоки препирки дали Фадил Зендели од Беса треба на пленарна седница да биде исклучен од Комисијата за избори и именувања или треба да ги помине останатите комисиски филтри. Власта, предлогот за смена го доставила неколку минути пред седница. Со Зендели во Комисијата, опозицијата во оваа комисија има мнозинство.

Зендели одби да ја напушти Комисијата, а опозициските пратеници сметаат дека постапката на спикерот е неделовничка. Спикерот Џафери, ги смируваше пратениците, ама ги објасни и постапките.

Пратениците ги одбија предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за покачување на платите на наставниците и пензиите.

 

Миле Ристески