Нашинци во Украина сè уште чекаат евакуација
Македонците во Украина се на раб на очај, вели Андонов. Тој тврди дека никој од надлежните во Македонија не контактирал со дел од нашинците во оваа земја.

„Треба барем некој сигнал да ни дадат, оставени сме сами на себе“- Сашо Андонов, нашинец кој сè уште се наоѓа во Украина, вели страшно е на улиците на Киев. Нема ни превоз, па и да излезат никаде нема да стигнат. Ги следат вестите, во тек се со најновите случувања, но од кај него нема надеж дека наскоро ќе бидат извлечени од станот и од Киев.
Македонците во Украина се на раб на очај, вели Андонов. Тој тврди дека никој од надлежните во Македонија не контактирал со дел од нашинците во оваа земја.
Надлежните укажуваат дека уште на средината на февруари, МНР испрати повик до нашинците да ја напуштаат Украина поради влошената безбедносна состојба. Досега се евакуирани половина од мапираните македонски државјани и нивните семејства во Украина.
Наташа Ј. Менковски
