Партии

Мицевски: Власта сака да разреши член на собраниска комисија

02.03.2022 07:37

„Очекував дека по изгласувањето на дневниот ред, ќе добие информација во однос на тоа што се слулува со амандманите кои ги поднесовме до усвојувањето на дневниот ред, затоа што согласно членовите наведовме дека истите треба да се разгледаат истите“, кажа Никола Мицевски...

„Очекував дека по изгласувањето на дневниот ред, ќе добие информација во однос на тоа што се слулува со амандманите кои ги поднесовме до усвојувањето на дневниот ред, затоа што согласно членовите наведовме дека истите треба да се разгледаат истите“, кажа Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во собранието на Република Македонија, на седницата на која власта на сила сака да го смени пратеникот Фадил Зендели од член во Комисијата за прашања на избор и именувања, на седница на која само донесувањето на дневниот ред траеше повеќе од 7 часа.

Тој кажа дека бара измена на дневниот ред, бидејќи не е приоритет насилната смена на пратеник од собраниска Комисија, туку работи кои на граѓаните им се од суштинско значење.

„Прво барам точка 11 да биде прва точка на дневен ред, затоа што мислам дека ликот и делото и Декларацијата којашто ја предлагаме за Гоце Делчев, е нешто за коешто требаше да имаме заедничка поддршка, а не декларативно да кажуваме, а да бегате како од оган“, рече Мицевски.

Тој во говорот ги наведе и другите суштински точки кои бараше да имаат приоритет во расправата пред собранието.