Австралија
Тринаесет луѓе настрадаа во поплавите во Австралија
02.03.2022 09:31
Се предвидуваат силни грмотевици и изобилни дождови и во Квинсленд и во Нов Јужен Велс..

Најмалку 13 загинати во поплавите што го зафатија источниот брег на Австралија. Се предвидуваат силни грмотевици и изобилни дождови и во Квинсленд и во Нов Јужен Велс, а поширокиот регион на Сиднеј, исто така, се подготвува за потенцијални поплави опишани како опасни по живот.Според властите, на помош на населението се авиони и копнениот персонал.
