Спречен обид за атентат врз украинскиот претседател Зеленски
Според „Дејли мејл“, од почетокот на рускиот напад врз Украина на 24 февруари, постоеле стравувања дека руските сили би можеле да го убијат претседателот Зеленски...

Украинските власти соопштија дека уништиле елитна група чеченски борци кои планирале да го убијат претседателот Володимир Зеленски, пишува британскиот весник „Дејли мејл“.
Секретарот на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана, Алексеј Данилов, во денешното телевизиско обраќање кажа дека „е елиминирана единицата која дојде да го убие нашиот претседател“.
Чеченскиот лидер,Рамзан Кадиров, претходно кажа дека Чеченци биле убиени во руски напад во Украина.
Според „Дејли мејл“, од почетокот на рускиот напад врз Украина на 24 февруари, постоеле стравувања дека руските сили би можеле да го убијат претседателот Зеленски, а самиот украински претседател во едно обраќање кажа дека тој е „цел број еден за атентаторите од Кремљ“.
