Најголемата руска банка, Сбербанк се повлекува од Европа
Санкции против Сбербанк по руската инвазија врз Украина беа воведени од САД, Канада и Велика Британија, но досега Европската Унија не ја вклучи оваа банка во листата руски банки кои се исклучени од банкарскиот систем СВИФТ.

Најголемата руска банка Сбербанк соопшти оти се повлекува од европскиот пазар, затоа што е погодена од огромни финансиски санкции кои беа воведени како одговор на руската инвазија врз Украина, известуваат руските агенции.
Санкции против Сбербанк по руската инвазија врз Украина беа воведени од САД, Канада и Велика Британија, но досега Европската Унија не ја вклучи оваа банка во листата руски банки кои се исклучени од банкарскиот систем СВИФТ.
Во соопштението од Сбербанк се наведува оти филијалите на банката се повлекуваат соочувајќи се со абнормален одлив на средства и закани по безбедноста на вработените.
Банката беше присутна во осум европски земји – Германија, Австрија, Хрватска, Чешка, Унгарија, Словенија, Србија и Босна и Херцеговина.
