Свет

Полицијата со солзавец ги растера демонстрантите во Нов Зеланд

02.03.2022 11:59

Стотици граѓани кои што се противат на вакцините против коронавирус со речиси 300 автомобили, комбиња и камиони ги блокираа улиците во областа.

Со солзавец полицијата ги растера демонстрантите во Нов Зеланд кои веќе три недели кампуваа пред Парламентот. Стотици граѓани кои што се противат на вакцините против коронавирус со речиси 300 автомобили, комбиња и камиони ги блокираа улиците во областа.

Полицијата вели дека во обид да ги растерта демонстрантите била нападната со боја и противпожарни апарати.

Демонстрациите во Нов Зеланд беа инспириран од протестите во Канада познати како „конвој на слободата“.