Собрание

Поднесени над 400 амандмани против разрешувањето на Зендели, Џафери ќе ги отфрли

02.03.2022 12:18

Спикерот Џафери, веќе навестил дека ќе ги отфрли, бидејќи не била запазена процедурата. Собранието не смее да биде партиско седиште на СДСМ и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ...

ВМРО-ДПМНЕ и Беса поднесоа над 400-ни амандмани на предлог- одлуката за разрешување на членот на Комисијата за избори и именувања, Фадил Зендели. Спикерот Џафери, веќе наветил дека ќе ги отфрли, бидејќи не била запазена процедурата. Собранието не смее да биде партиско седиште на СДСМ и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Џафери усно ни кажа дека амандманите не биле поднесени како што треба. Чекаме писмено да ни образложи зошто амандманите ќе ги врати за да може да му одговориме. Ќе видиме како ќе дејствуваме. ВМРО-ДПМНЕ нема да го напушти Собранието, нема да и дозволиме на власта бришан простор за носење закони, но на координациите кај Џафери повеќе не одам. Нема потреба да учествувам на координации за да легитимирам приватна забава на власта“, изјави Мицевски.

Од СДСМ велат дека опозицијата ја кочи работата на Собранието.