Македонија

Велешанец сведочи за голготата која ја минал на украинско-полската граница

02.03.2022 12:45

Километарски колони на границата помеѓу Украина и Полска, најчесто со жени, деца и старци, кои чекале со часови за да ја напуштат од војна зафатената Украина, сведочење на Тодор Оцедов кој живееше и работеше во Киев...

Велешанецот Тодор Оцедов го опишува неговото искуство при напуштањето од војна зафатената Украина. Тој заминал преку Полска, преку граничниот премин Краковец. Вечерта кога стигнал имало колона од 30 км. возила, автобуси, автомобили, најмногу жени деца и старци. Драматичните слики тешко се опишуваат со зборови.

Граничниот премин бил повеќе затворен отколку отворен, на секој час се пуштало по еден автобус, граничната полиција од двете земји била внимателна. Пуштала најчесто жени, деца, мажи украинци не пропуштале.

На украинско-полскиот граничен премин Краковец не пропуштале поединци кои не се во возило. Илјадници луѓе биле заглавени таму и без желба да се вратат во воено погодените подрачја.

Во Киев се наоѓаат уште две семејства, чии сопрузи се од Велес Игор Ангелов и Александар Ѓорѓиевски со сопругите и децата кои се на две и една година возраст. Ангелов во телефонскиот разговор претпладнево кажа дека сака сопругата и ќерката да заминат од Киев, но со автомобилот кој го има не било возможно да се патува така далеку до Македонија.

Петар Печков