Османи: За денеска обезбедивме коридор, но не сите можат да стигнат до него
За останатите граѓани кои се обидуваат да се евакуираат од Украина, денеска е обезбеден коридор, но не сите биле во можност да стигнат до него...

Македонските членови на набљудувачката ОБСЕ мисија и членовите на нивните семејства и натаму ја напуштаат Украина, а во моментов таму е останат уште само еден набљудувач од Македонија, информира министерот за надворешни работи Бујар Османи. Додава дека за останатите граѓани кои се обидуваат да се евакуираат од таму, денеска е обезбеден коридор, но не сите биле во можност да стигнат до него.
„Другите граѓани ги комунициравме вчера, бидејќи за денеска обезбедивме еден коридор, но тие не можат да стигнат до местото каде што тргнува тој безбеден коридор поради различни причини, безбедносни пред се, немаат ниту гориво“, изјави шефот на дипломатијата Османи.
Министерот нагласува дека остануваат во комуникацијата за да создадат коридори кои се блиску до нивното место на наоѓање.
