Нема одлука за иницијативите за изборот на Талат Џафери
За овој предмет ќе се гласа на некоја од наредните судници, до кога се очекува изборот уште на четири уставни судии..

Уставниот суд не донесе одлука за иницијативите од неколку подносители на одлуката за избор на Талат Џафери за претседател на собранието од 2 мај 2017 година. Четворица судии биле да се отфрли иницијативата, а еден барал да се донесе мериторна одлука да не се поведе постапка. За овој предмет ќе се гласа на некоја од наредните судници, до кога се очекува изборот уште на четири уставни судии.
Одлуката е оспорена зашто е потпишана од неовластено лице во својство на заменик-претседавач на конститутивната собраниска седница, смета подносителот. Се наведува и дека фактички била донесена по затворање на седницата на собранието на 27 април 2017 година, од неопределен број пратеници, и со тоа биле сторени повеќе кривични дела.
