Продолжува дебатата за смена на Зендели
Законодавниот дом е претворен во алатка за пресметка на власта со политичките противници, велат од ВМРО-ДПМНЕ..

Собранието повеќе не е претставнички дом на граѓаните, туку е претворено во кадровско-партиски штаб на СДСМ и ДУИ. Законодавниот дом е претворен во алатка за пресметка на власта со политичките противници, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Заедно со БЕСА поднесоа над 400 амандмани против разрешувањето на членот на Комисијата за избори и именувања Фадил Зендели. Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Мицевски рече дека спикерот Џафери усно им навестил дека амандманите ќе ги отфрли, бидејќи не била запазена процедурата.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ свесно ја кочи работата на Парламентот и донесувањето на важни закони, во интерес на граѓаните, возвратија од СДСМ. Координаторот Митревски дециден-мнозинството ќе направи се да се рефлектира волјата на граѓаните на парламентарните избори.
Од Алијанса за Албанците како што рекоа нема да учествуваат во театарот подготвен од власта. Се прави невиден преседан со ваквиот чекор за разрешување на член на комисијата, без да има мислење од собраниското тело, смета Снопче.
Работата на комисијата за избори и именување е закочена, а со тоа и изборот на 4-ца уставни судии, без кои како што велат од судот, во прашање се доведува легитимитетот на неговата работа.
Милчо Велески
