Нова дневна болница во битолскиот „Сју Рајдер“
Заменик министерот за здравство Владимир Рендевски го означи почетокот со работа на новата дневна болница и интерна амбуланта во рамките на битолскиот хоспис оддел на специзијализираната болница за геријатриска и палијативна медицинска заштита.Освен тука, згрижените лица прегледи преку Мој термин ќе можат да вршат и надворешни пациенти.

Битолскиот хоспис одел на специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина се проширува. Од денеска во функција е новата дневна болница и интерна амбуланта. Од единствената јавна специјализирана здравствена установа која спроведува палијативна и геријатриска здравствена заштита велат дека освен згрижените пациенти услугите ќе можат да ги користат и надворешните лица.
Реконструкција на новите простории со 10 000 евра финансики ја помогна претходната локална самоуправа а во употреба ја пушти заменик министерот Рендевски. Со оглед на тоа што во овие хоспис центри се згрижуваат пациенти на кој им треба долготрајна нега и грижа вели дека ова вистински чекор напред посебно во услови на пандемија.
Кај пациентите кој тука долгорочно се згрижени често се јавуваат и други коморбидитети. Па согласно со европските препораки до крајот на годината велат ќе отворат и специјалистички кабинет по физикална медицина и биохемиска лабораторија.
Стевче Митревски
