Што ќе гледате утре во „Македонија наутро“?

02.03.2022 13:36

Како граѓаните може да донираат помош за Украина? Во студиото ни гостува Олегсендар Урнабовиќ од Здружението на Украинци во Македонија...

Во живо од Сиднеј... расте бројот на жртви во големите историски поплави на источниот брег во Австралија. 

Веќе една недела трае руско-украинската криза. Русија се повеќе го чувствува товарот на западните земји. Поради нападите, повеќе од 600.000 украинци ја напуштиле државата. Анализа во утринската програма со Весна Попоска, универзитетска професорка и докторант на Воената академија.

Како граѓаните може да донираат помош за Украина? Во студиото ни гостува Олегсендар Урнабовиќ од Здружението на Украинци во Македонија.

Во живо од Тетово и гостување во студиото на преставници од иницијативата „Тетово сака парк од 16 хектари“.

Во живо од Битола, разговор со градоначалникот Коњановски - детали за отворениот ден за граѓаните во општината и за актуелните проекти во градот.

„Македонија наутро“ почнува во 6:45.