Украинска криза

Се собираат донации за помош на Украина

02.03.2022 14:08

Почна собирањето хуманитарна помош за настраданите во Украина. Организаторите се надеваат дека наскоро 5 камиони со најпотребните средства за живот ќе замине кон погодените региони. Црвениот крст се приклучи со собирање на парична помош за Украина.

Воените напади во Украина предизвикаа криза во снабдувањето со основните продукти за живот. Потребно е сè, од прехранбени производи, средства за хигиена, со лекови, храна, вреќи за спиење, шатори. Граѓани и компании веќе почнаа да донираат хуманитарна помош, што организаторите се надеваат наскоро ќе тргне кон Украина.

Организаторите се надеваат дека надлежните ќе им отстапат место попристапно за донации во централното градско подрадчје. Од Црвениот крст велат дека во вакви кризни случаи, најбрзо стига паричната помош. Веќе се донирани 10 илјади евра на украинскиот Црвен крст.

За неколку дена од почетокот на инвазијата, досега се регистрирани над 830 илјади бегалци.

Ирина Гелевска