Уставен не донесе одлука за иницијативата за изборот на Џафери
Уставниот суд извести дека предметот ќе се најде на некоја од наредните седници откако ќе се комплетира неговиот состав.

Уставниот суд не донесе одлука за иницијативата за оценка на уставноста на изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието. Предметот не го доби потребното мнозинство гласови од најмалку пет од вкупниот број судии. Треба да има девет судии, ама Уставен во моментов работи со пет, од кои еден гласал да не се поведе постапка.
Уставниот суд извести дека предметот ќе се најде на некоја од наредните седници откако ќе се комплетира неговиот состав.
Судиите коишто беа против, сметаат дека Уставен е ненадлежен да постапува зашто за избор на претседател на парламентот и за примената на деловникот и законите, судот не може мериторно да одлучува.
Еден судија, пак, смета дека заради општествентото значење и уставната положба на институцијата, Уставниот суд мора да се произнесе.
Во иницијативата, подносителите навеле дека одлуката за избор на Џафери е потпишана од неовластено лице откако седницата на 27-ми април завршила и се сомневаат дека за изборот не гласале доволен број пратеници.
По изборот на Џафери на 27-ми, следуваа крвавите настани во Законодавниот дом.
Игор Панов
