Народен правобранител

Потребна е целосна имплементација на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост

02.03.2022 14:27

Земјата ја има потпишано Конвенцијата за правата на лица со попреченост, но во практиката, примената, на граница на непочитување, вели омбудсманот. Потребна е поголема инклузивност, има напредок, но треба да се прецизира законската примена, согласни се надлежните…

Македонија е потписник на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост, но нејзиното спроведување е нецелосно, предупредува Народниот правобранител. Ова на Зибери му го посочиле сите 23 организации на оваа категорија граѓани. Закони има, но инклузивноста и остварувањата на нивните права сè уште се предизвик. Зибери вели – проблемот е системски и треба да се решава преку институциите.

Меѓународните организации посочија дека лицата со попреченост се соочуваат со бариери и се стигматизирани.

На конференцијата договорено е да се зајакне соработката помеѓу националните институции за човекови права во регионот и да се овозможи дијалог, но да се преземат и конкретни активности за лицата со попреченост.

Викторија Милевска