Економија

Пазарниот инспекторат контролира дали се почитува ограничувањето на маржите

02.03.2022 15:31

Државниот пазарен испекторат е на терен. Инспекторите велат дека меѓу трговците имало дилеми како да постапат. Кај дел од производите како сирење, јајца и брашно на самото место во текот на надзорите се направени извештаи за менување на цените, а кај некои производи е констатирано намалување на цените.

Во маркетите не се забележани посебни отстапувања над дозволената маржа. Државниот пазарен испекторат е на терен. Инспекторите велат дека меѓу трговците имало дилеми како да постапат. Кај дел од производите како сирење, јајца и брашно на самото место во текот на надзорите се направени извештаи за менување на цените, а кај некои производи е констатирано намалување на цените.

Граѓаните велат, дел од производите се веќе поскапени. Владата уверува дека се преземаат сите мерки за заштита на стандардот на граѓаните. Оценето дека имаме задоволителна количина прехранбени производи и нафтени деривати во стоковните резерви, и не се очекува ценовен шок на основните прехранбени производи. Владата повика да се почитува одлуката за трговските маржи. Смирувачки пораки и од СДСМ. 

Надлежните велат дека девизните резерви се на соодветно ниво - околу 3,4 милијарди евра.

 

Ана Ј. Тодоровска