Здравство

Нови 457 случаи со Ковид-19, починати девет лица

02.03.2022 16:25

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 298.195, бројот на оздравени пациенти е 285.907, на починати е 9.036 а бројот на активни случаи изнесува 3.252.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени се 2.730 тестови, а регистрирани се 457 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 246, Велес – 25, Битола – 24, Прилеп – 22, Тетово, Кавадарци и Ресен – по 17, Куманово – 15, Гостивар и Гевгелија  – по 10, Штип – 7, Охрид и Свети Николе – по 6, Струмица, Кичево, Неготино и Крива Паланка –  по 5, Кочани – 3, Струга, Пробиштип, Кратово и Демир Капија – по 2,  Дебар,  Демир Хисар, Македонски Брод и Дојран – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (457), регистрирани се 74 реинфекции. Регистриран сe 447 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 6 починати лица: 2 починати лица од Скопје ( 76г и 80г) и по едно починато лице од Крива Паланка (64г), Радовиш (82г), Прилеп (75г),  и Тетово (68г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 3 починати лица од: Скопје (2),  Велес (1). Починатите лица се на возраст од 71г. до 86г. Лицата за починати се пријавени во период од 22.02. до 25.02.2022. Од пријавените лица едно лице е починато во домашни услови, а две лица  се починати во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица, кај 9 лица се регистрирани коморбидитети.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 298.195, бројот на оздравени пациенти е 285.907, на починати е 9.036 а бројот на активни случаи изнесува 3.252.

Досега во земјата се направени вкупно 1.896.139 тестирања на Ковид-19.