Ковид-19

Укинување на сертификатите за влез во трговските центри, препорача Комисијата

02.03.2022 16:31

Комисијата за заразни болести препорача да се укинат сертификатите за влез во трговските центри. За дополнително олеснување на мерките потребен повисок опфат на вакцинација...

Се укинуваат сертификатите за влез во трговските центри, но, за влез во ресторан во објектот ќе биде потребна поврдата за имунизација- ова е препораката на Комисијата за заштита од заразни болести.

Нискиот процент на имунизација тема и на овој состанок, со кампања и со повикување од матичен лекар на лицата со коморбидитет, ќе се зголемува процентот. Според податоците од Мој термин, 263.000 граѓани се со кормобидитет, од нив 150.000 немаат втора доза, а останатите немаат бустер.

Предложените мерки од претходните комисии се очекува наскоро да бидат одобрени.

На следниот состанок ќе се разговара за потребата од носењето маски во училиштата, според податоците од скринингот во Скопје, од 920 примероци, 85 % се вакцинирани и имаат имунитет, 170 се невакцинирани- од нив 70% имаат солиден имунитет.

Наташа Ј. Менковски