Партии

СДСМ: Мицкоски блокира закони и ги оправдува сите што поддржуваат агресија врз Украина

03.03.2022 09:16

ВМРО-ДПМНЕ долго време се обидуваат на секаков можен начин да ја опструираат работата на Собранието, од 87 закони, дури 21 се блокирани во комисијата за финансирање и буџет со која раководи опозицијата...

ВМРО-ДПМНЕ долго време се обидуваат на секаков можен начин да ја опструираат работата на Собранието, од 87 закони, дури 21 се блокирани во комисијата за финансирање и буџет со која раководи опозицијата. Блокираат закони важни за граѓаните, а ја блокираат и работата на собраниските комисии, велат од партијата.

Според СДСМ работата на Комисијата за избори и именувања со месеци е блокирана, а таа е важна за избор и именување на составите на важни државни институции.

Скандалозната изјава на Мицкоски во која ги оправдува сите кои ја поддржуваат агресијата на Русија врз Украина јасно покажа дека Мицкоски не е ништо друго освен остаток од мрачното, режимско минато кој брани криминал и насилство, и наместо да побара обединување околу вредностите зад кои стои целиот демократски свет и да ја осуди агресијата врз Украина, Мицкоски ги дели македонските граѓани, заклучуваат од партијата.