Евтините билети го раздвижија авиосообраќајот

04.04.2014 11:07

Заклучно со февруари за скоро осум насто е поголема раздвиженоста на воздухоплови...

Скопје – Париз. Директен лет од Александар Велики до француската метропола. Седум пати неделно Рим Скопје Рим. За прв пат директно до Брисел. На мапата нови дестинации од април, Келн и Франкфурт . 14 авиокомпании ги поврзуваат македонските авиопристаништа со 25 градови во Европа. 140- тина летови неделно за 16 повеќе од минатогодишната летна сезона. Евтините билети го раздвижија авиосообраќајот. Се бара место повеќе во авионите. Нискобуџетската Виз ер со дополнителни 24 лета зеде најголем дел од колачот владини субвенции . И патниците задоволни.

Заклучно со февруари за скоро осум насто е поголема раздвиженоста на воздухоплови. Истанбул Виена Цирих Лондон се хит дестинации. Скоро милион патници патувале преку македонските аеродорми. Александар Велики втора година добива награда најдобар во Европа во конкуренцијата со 250 аеродорми, меѓународно признание за ефикасноста и квалитетот на услугите.  

„Во 2010 на Скопскиот аеродром имаше околу 550 илјади патници, минатата година ја завршивме со над 980 илјади, што е раст за повеќе од 46 проценти, што значи дека сме една од најбрзо растечките авио индустрии“, вели Зоран Крстевски – Генерален директор на ТАВ  Македонија.

Покрај редовниот сообраќај, летово и чартер летови. Организирано директно од и до Бодрум, Дизелдорф, Анталија, Амстердам. Аеродормот е првата и последна слика на секој што доаѓа или заминува од државата. Македонските авиoпристаништа по инвестицијата на ТАВ и државните субвенции станаа атрактивни и за авиокомпаниите и за патниците.

Аеродромот Александар Велики втора година по ред ја добива наградата најдобар во конкуренција со 250 меѓунраодни аеродроми до два милиони патници.

Сузана Фиданска- Стоевска