Трет ден расправа за разрешување на Зендели од Комисијата за прашања на избори и именувања
Пратениците од опозицијата вчера во расправата обвинуваа за преседан со кој власта го крши собранискиот Деловник и Уставот на државата. Сметаат дека разрешувањето на пратеникот е нелегитимно.

Собранието денеска ќе ја продолжи 64-тата седница на која трет ден на дневен ред е Предлог-одлуката за разрешување на пратеникот Фадил Зендели од Движење Беса од член на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата.
Пратениците од опозицијата вчера во расправата обвинуваа за преседан со кој власта го крши собранискиот Деловник и Уставот на државата. Сметаат дека разрешувањето на пратеникот е нелегитимно.
За пратениците од владејачкото мнозинство, пак, одлуката е во согласност со одредби во Деловникот кои налагаат пресликување на пратеничките места од партиите во составите на работните тела.
