Седница на собраниската Комисија за економски прашања
На дневен ред се Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавни претпријатија и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државен пазарен инспекторат, сите во прво читање.

Во Собранието за денеска е закажана седница на Комисијата за економски прашања. На дневен ред се Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавни претпријатија и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државен пазарен инспекторат, сите во прво читање.
Пратениците во комисијата ќе расправаат и за Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за концесиии и јавно приватно партнерство, по скратена постапка второ читање.
