Свет

Франција им препорачува на своите државјани да ја напуштат Русија

03.03.2022 10:22

Франција претходно му предложи на Советот за безбедност на Обединетите нации усвојување на резолуција со која се бара прекин на огнот во Украина.

Француското Министерство за надворешни работи денеска им препорача на своите државјани, чие присуство во Русија не е суштинско, да ја напуштат земјата сѐ додека постојат воздушни врски со оваа земја, која е ставена под меѓународни санкции поради инвазијата на Украина.

Франција претходно му предложи на Советот за безбедност на Обединетите нации усвојување на резолуција со која се бара прекин на огнот во Украина.

Како постојана членка на Советот за безбедност, Русија има право на вето на резолуциите во СБ на ОН.