Раст од 2,3% на БДП во четвртиот квартал на 2021-ва
Најголем пораст е забележан во секторите трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; транспорт и складирање; објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 9,2%; информации и комуникации од 5,3%; како и дејности во врска со недвижен имот од 3,1 %.

Бруто-домашниот производ (БДП) во четвртото тримесечје од 2021-ва година пораснал за 2,3%, покажуваат последните податоци од Државниот завод за статистика.
Најголем пораст е забележан во секторите трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; транспорт и складирање; објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 9,2%; информации и комуникации од 5,3%; како и дејности во врска со недвижен имот од 3,1 %.
Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2021 година, номинално расте за 10,2%, а нејзиното учество во структурата на брутодомашниот производ изнесува 62,5%.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголемил за 9,7%, а увозот на стоки и на услуги забележа пораст во номинален износ од 22,6%.
