4% раст на македонската економија минатата година
Официјалните податоци на Државниот завод за статитика покажуваат дека 2021-ва година ја завршивме со раст на БДП кој е близу до проектираниот од 4,1 отсто, објави министерот за финансии Фатмир Бесими на Фејсбук.
Македонската економија минатата година порасната за 4%, што е блиску до проекцијата на Министерството за финансии од 4,1%.
Официјалните податоци на Државниот завод за статитика покажуваат дека 2021-ва година ја завршивме со раст на БДП кој е близу до проектираниот од 4,1 отсто, објави министерот за финансии Фатмир Бесими на Фејсбук.
„Државниот завод за статистика објави дека растот на нашата економија во 2021 година изнесува 4 отсто. По падот од 6,1 отсто во 2020 година, во 2021 година која беше година на заживување на економската активност од вториот квартал излеговме од рецесија и постигнавме раст од 13,2 отсто и со позитивни стапки на раст во следните два квартала, годината ја завршивме со стапка на раст од 4 отсто“, напиша Бесими.
БДП во првиот квартал од минатата година беше во минус 1,8%, во вториот квартал забележа раст од 3,4%, во третиот 3%, а во четвртиот раст од 2,3%.
