Утре започнува кампањата за предвремените парламентарни избори
04.04.2014 11:15
Во трката за 123 пратенички места во шест изборни единици во земјата и три во странство се 1.402 кандидати на 14 листи поднесени од пет коалиции и девет политички партии...

Кампањата за предвремените парламентарни избори закажани за 27 април започнува утре. На 12 и 13 април, поради првиот круг од претседателските избори кампањата ќе биде прекината, според одлуката на Државната изборна комисија (ДИК).
Во трката за 123 пратенички места во шест изборни единици во земјата и три во странство се 1.402 кандидати на 14 листи поднесени од пет коалиции и девет политички партии.
ВМРО-ДПМНЕ утревечер кампањата ќе ја започне со митинг во Скопје, СДСМ со Конвенција исто така во Скопје во недела, ДУИ веќе одржа конвенција за промоција на кандидатите, ГРОМ во недела во Куманово ќе ги промовира своите кандидати.
Листите се веќе утврдени, како и изгледот на гласачкото ливче. Заклучениот Избирачки список за предвремените парламентарни избори ДИК треба да го потпише, според Роковникот, на 17 април.
