Одбрана

Петровска на средба со кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо

03.03.2022 11:37

Министерката Петровска на денешната средба изрази голема загриженост за руската агресија врз Украина, која претставува кршење на меѓународното право и постулатите на Обединетите нации.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска оствари средба со амбасадорот на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо и со новопоставеното одбранбено аташе, полковник Хуанг Хе.

Министерката Петровска на денешната средба изрази голема загриженост за руската агресија врз Украина, која претставува кршење на меѓународното право и постулатите на Обединетите нации.

Таа упати уште еднаш благодарност за донациите од Кина за нашата земја во борбата против Ковид-19.

Петровска му честиташе на полковникот Хе за новата работна задача и му посака успешна работа како одбранбено аташе во Република Северна Македонија.

Амбасадорот Ѕуо рече дека Кина внимателно ги следи случувањата во Украина и изразува силна поддршка за светскиот мир. Кина се залага за решение на ситуацијата меѓу Русија и Украина по пат на дијалог и за трајна европска безбедност.

Министерката Петровска и амбасадорот Ѕуо се согласија дека двете земји одржуваат пријателски односи и имаат успешна билатерална соработка која ќе продолжи во иднина.