МВР
МВР: Пронајден хероин, приведени две лица во Тетово
03.03.2022 11:45
Тие се задржани во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот ќе им бидат изготвен соодветен поднесок ...

Полициски службеници на СВР Тетово вчера во попладневните часови на ул. „Љуботенска“ во Тетово, ги лишиле од слобода Ј.С.(51) и Б.Љ.(41), двајцата од Тетово, затоа што при преглед им бил пронајден хероин.
Тие се задржани во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот ќе им бидат изготвен соодветен поднесок по член 215 од Кривичниот законик за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
