Самостојна изложба на Ангел Димовски Чауш
На изложбата ќе бидат претставени 60 дела – скулптури, цртежи, слики – објекти, изработени во различни материјали, бронза, дрво, алуминиум, мермер којшто авторот ги работел во изминатите 50 години вклучително и дела којшто се изработени во последните неколку години којшто до сега не се изложувани.
Во петок во ликовниот салон на МАНУ со почеток во 20 часот ќе биде отворена самостојната изложба на скулпторот Ангел Димовски Чауш.
На изложбата ќе бидат претставени 60 дела – скулптури, цртежи, слики – објекти, изработени во различни материјали, бронза, дрво, алуминиум, мермер којшто авторот ги работел во изминатите 50 години вклучително и дела којшто се изработени во последните неколку години којшто до сега не се изложувани. Изложбата ќе ја отвори Академик Васко Ташковски.
Сите љубители на уметноста, изложбата ќе може да ја разгледаат до крајот на март месец и влезот за истата е бесплатен.
