Како да се спречат негативните емоции
Чувството на беспомошност спречува целосно и брзо опоравување од потешките болести.Бесот предизвикува срцеви заболувања. Истражувачите откриле дека луѓето склони кон изливи на бес имаат потесни артерии поради стресот, што ја зголемува можноста од појава на кардиоваскуларни болести.Од клучна важност е да научите да го исфрлите бесот пред да ја достигне точката на „вриење“. Пробајте да ги запишувате вашите мисли и чувства, или обратете се кај психотерапевт поради совладување на техниките за контрола на бесот.Перфекционизмот предизвикува хронични главоболки.

Чувството на беспомошност спречува целосно и брзо опоравување од потешките болести.Бесот предизвикува срцеви заболувања. Истражувачите откриле дека луѓето склони кон изливи на бес имаат потесни артерии поради стресот, што ја зголемува можноста од појава на кардиоваскуларни болести.Од клучна важност е да научите да го исфрлите бесот пред да ја достигне точката на „вриење“. Пробајте да ги запишувате вашите мисли и чувства, или обратете се кај психотерапевт поради совладување на техниките за контрола на бесот.Перфекционизмот предизвикува хронични главоболки. Студиите покажуваат дека перфекционистите почесто страдаат од хронични главоболки и мигрена, најверојатно поради стресот и анксиозноста на кои се изложени.Анализирајте ги своите нереални цели и критериуми. Дали домот навистина треба да ви биде беспрекорно чист пред да ви дојдат гости? Секогаш кога ќе помислите дека нешто мора да биде совршено, запрашајте се дали можеби и „доволно добро“ би било сосема во ред.Анксиозноста предизвикува дигестивни проблеми. Истражувањата откриваат дека анксиозните луѓе се склони кон дигестивни пореметувања, како што е синдромот на иритабилно црево и улцеративен колитис. Научниците се уверени дека овие проблеми со варењето се ракција на целиот оргазнизам за анксиозност.огата и медитацијата можат да помогнат во ублажување на бројни состојби предизвикани од анксиозноста, бидејќи опуштаат и спречуваат негативно размислување.
