Собрание

Зендели разрешен од собраниската Комисија избори и именувања

03.03.2022 14:34

Во расправата, ВМРО-ДПМНЕ остро се противеше на одлуката, со образложение дека е во спротивност со деловникот и дека се прави преседан кој негативно ќе се одрази на функционирање на парламентот...

По неколку дневна жестока дебата во законодавниот дом со 61 глас на владејачкото мнозинство, Фадил Зендели разрешен од Комисијата за избори и именувања. Пред гласањето опозициските пратеници ја напуштија салата. ВМРО-ДПМНЕ побара од спикерот Џафери објаснување за одбиените над 400-ни амандмани.

Во расправата, ВМРО-ДПМНЕ остро се противеше на одлуката, со образложение дека е во спротивност со деловникот и дека се прави преседан кој негативно ќе се одрази на функционирање на парламентот.

Според парламентарното мнозинство и во комисиите треба да се отслика соодносот на пратениците и волјата на граѓаните на последните парламентарни избори.

Според нив, Фадил Зендели сам одлучил да го напушти мнозинство.

Работата на Комисијата за избори и именувања со месеци е блокирана, а со тоа и изборот на уште четири уставни судии. Претседателката Кацарска неколку пати посочи дека без полн состав, во прашање се доведува кредибилитетот на одлуките на Уставниот суд.

Игор Панов