Кампања за имунизација на ризичните групи
Кампања за имунизација на ризичните групи граѓани. Лицата над 65 години, но и помлади со повеќе коморбидитети, веќе добиваат смс порака да се вакцинираат. Нема поголема раздвиженост на пунктот во Јане Сандански. Лекарите велат одзивот е сè уште слаб.

Со СМС порака матичните лекари почнаа да ги известуваат своите пациенти со коморбидитет дека треба да примат втората доза вакцина или пак, бустер. Во вакциналните пунктови се почувствува раздвиженост. Лекарите апелираат лицата со коморбидитет задолжително да се имунизираат. Процентот на целосно имунизирани е мал, но процентот на вакцинирани со трета доза е околу 6 насто.
Бројките на имунизирани на дневно е 16 пати помал од летоска.
Според податоците од системот мој термин, 263 000 граѓани се со коморбидитети, од нив 150 000 немаат втора доза, а останатите немаат бустер.
Наташа Ј. Менковски
