Коцарев: Да живееме во достоинствена Македонија е предуслов за напредок и просперитет
Да живееме во достоинствена Македонија. Тоа е предуслов за напредок и просперитет, вели академик Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ, промовирајќи го своето дело „За македонските работи“. Дел од академиците со порака-на деградирањето на македонскиот јазик и идентитет, треба да му се стави крај…

Да живееме во достоинствена Македонија. Тоа е предуслов за напредок и просперитет, вели академик Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ, промовирајќи го своето дело „За македонските работи“.
Преку него им се обраќа на оние коишто ги нарекува трговци со идентитетот, јазикот и историјата на македонскиот народ, кои смета дека се впуштаат во преговори зад грбот на народот, и според него, подготвуваат и потпишуваат разни договори погубни за нашата држава.
На страниците од ова тестаментално дело, авторот со изострено чувство за критичка опсервација ги анализира македонските состојби, велат академиците. Коцарев им се обраќа на оние кои треба и се должни да го слушнат, а не сакаат да го слушнат гласот на совеста искажан од учените и умни луѓе, кои искрено си ја сакаат земјата.
Во книгата „За македонските работи“ претседателот на МАНУ, Коцарев зборува за неговата загриженост поврзана со повеќедецениската криза во Македонија и за обидот за изнаоѓање решенија за излез од кризата.
Александра Спировска
