Здравство

Нови 467 случаи со Ковид-19, починати 14 лица

03.03.2022 14:58

Вкупната бројка на Ковид- дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 298.662, бројот на оздравени пациенти е 286.378, на починати е 9.050 а бројот на активни случаи изнесува 3.233.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа, направени се 2.533 тестови, а регистрирани се 467 нови случаи на Ковид- 19: Скопје – 245, Куманово – 34, Велес – 22, Битола – 20, Прилеп – 19, Кавадарци – 18, Тетово – 17, Охрид –  13, Струга и Ресен – по 8, , Штип, Гевгелија и Крива Паланка – по 7, Струмица, Кичево и  Дебар – по 6,  Гостивар –  5, Кочани, Неготино и Демир Хисар – по 3, Радовиш, Валандово, Пробиштип и Македонска Каменица – по 2, Берово и Виница – по 1.

Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 58 реинфекции. Регистрирани сe 414 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 10 починати лица: 4 починати лица од Скопје (88г, 88г, 85г и 75г) и по едно починато лице од Дебар (88г), Кавадарци (71г), Демир Хисар (80г), Охрид (67г,), Демир Капија (82г) и Неготино (87г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 4 починати лица од: Скопје (2),  Куманово (1) и Тетово (1). Починатите лица се на возраст од 77г. до 85г. Лицата за починати се пријавени во период од 10.02. до 26.02.2022. Од пријавените лица едно лице е починато во болнички услови, а 3 лица  се починати во домашни услови.

Од вкупниот број на починати лица, кај 13 лица се регистрирани коморбидитети.

Вкупната бројка на Ковид- дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 298.662, бројот на оздравени пациенти е 286.378, на починати е 9.050 а бројот на активни случаи изнесува 3.233.

Досега во земјата се направени вкупно 1.898.672 тестирања на Ковид-19.