МРТ

Што ќе гледате во петок во „Македонија наутро“?

03.03.2022 14:22

Продолжуваат судирите меѓу Русија и Украина на украинско тло. Во меѓувреме студенти од УКИМ повторно ја покажаа својата солидарност и хуманост на дело...

Продолжуваат судирите меѓу Русија и Украина на украинско тло. Во меѓувреме студенти од УКИМ повторно ја покажаа својата солидарност и хуманост на дело и понудија помош и сместување на своите колеги студенти од Украина, а деновиве  реализираат и крводарителски акции во студентски домови во Скопје.

Го одбележуваме 4-ти март, светскиот ден на дебелината кој има за цел да ја подигне глобалната свест за превенција на дебелината, но и здравствените ризици од неа.

Како со пешачење и трчање да се избориме со стресот е темата на која разговараме со маратонецот Кокан Ајановски.

Европската медицинска студентска асоцијација на Ммакедонија од 4-ти до 6-ти март организира симпозиум насловен Ковид - 19: Што научивме и колку сме подготвени? За настанот се информираме од Елиза Жоговска и Марија Јовановска.

На тема како да се заштитат потрошувачите кои сѐ почесто купуваат на далечина разговараме со Маријана Лончар - Велкова, претседателка на Организацијата на потрошувачи на Македонија.

По пауза од две години, градот под марковите кули повторно го враќа сјајот на карневалот „Прочка“. Во „Македонија наутро“ директно вклучување од Прилеп, градот домаќин на традиционалниот карневал „Прочка“, со најнови детали за годинашната агенда и подготовките на мечкарите.