Воен конфликт
Пожарот во нуклеарната централа во Запорожје е локализиран
04.03.2022 07:54
Според украински наводи Русија ја нападна најголемата европска нуклеарна централа, при што предизвикан е пожар во неа...

Според украински наводи Русија ја нападна најголемата европска нуклеарна централа, при што предизвикан е пожар во неа. Пожарот во нуклеарната централа во Запорожје, во Украина, избил во зграда која се користела за обука.
Реакторите не биле погодени, соопштено е од украинска страна. Според последните информации пожарот е локализиран.
Не е регистрирана промена во нивото на радијација на електраната, но МААЕ повикува на прекин на огнот и предупредува на „тешка опасност“ доколку бидат погодени реакторите.
