Собрание
Изгласана Декларација за поддршка на Украина
04.03.2022 08:22
Во македонскиот парламент изгласана Декларација за поддршка на Украина. Текстот на документот усогласен..

Пратениците во Собранието вчера со 104 гласа „за“, три „против“ и еден „воздржан“ ја усвоија Потребата од донесување Декларација за осуда на воените напади кои го загрозуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.
Декларацијата ја поддржаа сите пратенички групи во Собранието, а против неа се изјаснија само двајцата пратеници на Левица и пратеникот на Демократската партија на Србите.
