Сообраќај

МВР: 158 сообраќајни прекршоци во Скопје

04.03.2022 09:22

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови..

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 158 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 49 санкции, 10 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 13 санкции за возење без возачка дозвола.

Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, четири санкции за возење под дејство на алкохол, три мерки за вградени нетестирани фолии (затемнети стакла), 57 за непрописно паркирање.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.