„Монструм“

„Монструм“ пред Апелација

04.03.2022 09:40

Повисокиот суд ќе одлучува за жалбите на одбраната по што ќе донесе пресуда...

Во скопска Апелација јавна седница за случајот Монструм. Повисокиот суд ќе одлучува за жалбите на одбраната по што ќе донесе пресуда. Претходно, Кривичниот суд пресуда донесе лани во февруари.

За петкратното убиство кај Смилковското езеро изречени се три доживотни затворски казни, една од 15 години и една од 9 години затвор.

За еден од обвинетите имаше ослободителна пресуда. Ова е втор пат Апелацискиот суд да одлучува за истиот предмет. Претходно, Врховниот ја укина пресудата и го врати процесот на повторно одлучување. Групата е обвинета за тероризам и за помагање. Се товарат за убиствата кои се случија пред Велигден во 2012 година.